Нашиот Горјан-Гого Славески кој гради боксерска кариера во САД на 22 август ќе ја има и третата борба, но прва, како што вели тој во „големите води“. Во претходните две борби забележа две победи.
„Ова е професионална борба со менаџер, која ќе се рангира како кај сите профи боксери. Ќе се одржи во казиното Хорсшу во Чикаго. Ова ми е трета по ред борба, но прва во „големите води“, изјави за ipon.mk, Гого Славески.
Тој извесно време тренираше во салата на светскиот првак Флојд Мејведер.
„Кај Мејведер видов мнгоу талентирани боксери и направив споредба со другите школи. Дисциплината, волјата и техничките подготовки се на највисоко ниво“, истакнува нашиот боксер.
За овој меч, кој може да биде од големо значење за Славески, тој ќе рече: „Мечот на 22 август ќе биде со победникот на Голден гловс 2013. Немам очекувања, тренирам секој ден за да го добијам тоа што ми припаѓа. Целта е да се нанесат тешки телесни повреди и да се извојува победа, а ако дојде до тоа борбата да се решава на поени, тогаш нека одлучат судиите. Мотивација ми се луѓето кои ми даваат секојдневна поддршка“.
ipon.mk/В.Д.