Горјан Гого Славески на 12 август во Мајами ќе се бори за светската титула на БКФЦ 49 (бокс без ракавици) во велтер категорија.
Славески за титулата ќе се бори против Линдсеј.
Горјан Гого Славески во јануари годинава со нокаут во четврта рунда над Кубанецот Јосденис Седењо со прекар Пинк Пантер се избори за борбата за титулата.
Тоа беше петта победа во низа на Гого. Првично беше најавено дека ќе го предизвика шампионот Луис Паломино од Перу.