Гого Славески: Му покажував на судијата дека судиите надвор од рингот му бројат, но…

Гого Славески (5-1) синоќа во Охајо, САД, го претрпре првиот пораз во професионалната боксерска кариера од Ајзеа Стин (13-0) со одлука на судиите, но не по заслуга на неговиот противник, туку  на делителите на правдата, како што нагласува тој за Ipon.mk.

Во првата реакција на Фејсбук Славески напиша: „Никогаш не ми пречеше војна, затоа го избрав овој спорт, но она што го правам е врзано со судии. Затоа што го ставаме нашиот живот на линија, како борци, секој пат кога ќе влеземе во рингот, се што бараме е фер судија. Но, тоа е што е! Знам, и тој ја знае неговата „мнозинска одлука“ за победа“.

„Дефинитивно беше блиска борба, но тој неколку пати беше обесен на јажињата, а имав и два нокдауна. И да речеме дека на едниот „се лизнал”,  другиот беше чист нокдаун. Му покажував на судијата дека судиите надвор од рингот му бројат“, истакнува Славески.

Нашиот боксер бил убеден дека треба да оди на нокаут, оти боксира на теренот на противникот .

„Знаев, ако одам на поени ќе ја изгубам средбата, затоа прифатив борба од блиску. Знаев дека ова е негов град (Охајо) и е борец на Лоу Дибела. Затоа гледав да замавнувам со сета сила во текот на рундите, бидејќи чувствував притисок за нокаут“, посочува Гого.

Славески на 21 септември ќе има нова борба во Чикаго.

https://www.facebook.com/gogo.slaveski/videos/2794716410541934/

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON