На 2 март Гого Славески (3-0, 1 КО) ќе се бори по четврти пат во професионалниот ринг во САД.
Името на противникот се уште не го знае, само знае дека е од Сент Луис.
Неговата борба е дел од настанот Фајт најт под закрила на промоцијата Хиц боксинг во Белведере центарот во Елкгоув вилиџ.
На овој настан ќе настапи и бугарскиот боксер Тервел Пулев кој е во придружба на славниот брат Кубрат Пулев.
Овој меч на Славески доаѓа по поголема пауза поради повреда.
Ipon.mk