„Добро сум. Чекам да помине мерењето и 5-0, ништо друго“, вака го прокоментира петочниот дуел (спрема сабота) нашиот професионален боксер во САД, Горјан – Гого Славески, која на 22 септември во Чикаго на настанот „Розмонт рамбле“ во организација на Хитз боксинг се бори со Де Антвен Џексон во четири рунди.
На Славески ова ќе му биде пета борба, а досега има скор 4-0, 2 КО.
Гого имаше долга пауза од последната борба поради проблеми со претходниот тренер, а сега е во друг клуб и вели дека се чувствува најсреќно до сега.
„Не знам многу за противникот, ќе видиме во сабота“, рече кратко Славески.
Ipon.mk