Мирко „Кро Кап“ Филиповиќ вчера го прослави јубилејниот 50-ти роденден. Најголемиот хрватски ММА борец се повлече од професионалниот спорт пред нешто повеќе од пет години, поточно во вториот месец од 2019 година го изведе својот последен настап.
Мирко потоа со едногласна одлука на судиите го совлада Рој Нелсон и на тој начин ја задржа серијата без пораз во реваншите. Иако тогаш Мирко немаше уште 45 години, крајот на неговата кариера беше прилично шокантен, пред се поради причините што го наведоа да ја заврши кариерата.
Околу две недели по победата над Нелсон, Мирко излезе во јавноста и откри дека доживеал мозочен удар. Тоа беше шокантна вест, а Кро Кап одлучи повеќе да не го ризикува своето здравје и стави крај на кариерата.
„Имав мозочен удар, крварење во мозокот. Денеска излегов од болница и затоа сакав да дојдам овде за луѓето да видат дека сум здрав. Имав неверојатна среќа во несреќата. Изливот можеше да отиде на која било страна. Имав дисекција на вените, пукна од механички стимул. Тоа нема врска со борбите, едноставно, вратот беше преоптоварен. Јас сега морам да се борам за живот“, изјави Мирко во Дневник на ТВ Нова, а потоа објави крај на кариерата.
„Никогаш повеќе нема да влезам во рингот, не смеам да дозволам некој да ме удри. Морам да направам контролен магнет за три месеци. После тоа ќе продолжам со тренинзи, бокс вреќи. Што се однесува до борбите, нема повеќе. За жал , никој не сакаше вакво нешто крајот, но така е, таков е животот“, рече Мирко.
По завршувањето на кариерата, многу спортисти речиси целосно го напуштаат спортскиот начин на живот. Често сме шокирани кога поранешните професионални спортисти доживуваат драстични промени во своето тело за само неколку месеци. Мирко Кро Кап не е таков случај. И покрај ударот што го преболи, Мирко ги задржа „спартанските“ навики. Тренинзите се уште му се секојдневие, а Кро Кап и по 50-тата година е во неверојатна физичка форма.
Професионалните спортисти не би се срамеле од таквата форма, а зад сето тоа има многу години напорна работа, дисциплина и пожртвуваност. Вчера, по повод својот 50-ти роденден, Кро Кап објави фотографија која ги запрепасти своите фанови, но секој што е попознат со неговиот лик и дело не е изненаден.
Тоа е едноставно Кро Кап, секогаш подготвен и неуништлив.