Го уапсија Џервонта Дејвис за домашно насилство (ВИДЕО)

Непоразениот шампион во бокс, Џервонта Дејвис (23-0) е уапсен откако се појави видео на кое фаќа жена за шијата, од која има и дете. Тоа се случи пред неколку дена во Мајами за време на кошаркарски натпревар. Дејвис изведе Андреа Смотрс надвор од салата, а видеото се здоби со голема популарност на социјалните мрежи.

Веднаш штом се појави видеото на социјалните мрежи, Џервонта го искористи својот профил и се правдаше дека не ја удирал Смоторс и подлегнал на гневот и агресијата. Според полицискиот извештај, Андреа имала повреди на усната и вилицата. Обвиненијата беа покренати откако истражителите го гледаа видеото и се сретнаа и со жртвата и со Дејвис. Од таборот на Дејвис одбиваат да коментира штобило за неговото апсење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON