Го поминаа мерењето – Мек Грегор полесен за 360 грама од Пориер

Конор Мек Грегор и Дастин Пориер ги минаа мерењето пред нивната борба, која е главна на УФЦ 257 и ќе се одржи во сабота во Абу Даби. Тие влегоа во во лесна категорија и ќе има официјален меч.

Пориер тежи 70.760 кг, додека Ирецот е малку полесен – 70.300.

Мерењето го минаа и Мајкл Чендлер и Ден Хукер, кои се во подглавната битка. Двајцата имаа иста тежина – по 70,76 кг.

Сепак, еден од натпреварите не успеа. Тоа е средбата меѓу Мет Фревола и Отман Азајтар. Првиот успешно ја мина вагата и тежеше 70.530, но неговиот противник воопшто не се појави во салата. Причината за отсуството на Азајтар е сè уште не е познато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО