Го овековечија Дионтеј Вајлдер со споменик во Таскалуса

Дионтеј Вајлдер е овековечен со споменик во неговиот роден град Тускалоса.

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија учествуваше на откривањето на споменикот. Десетици негови обожаватели се собраа да ја видат неговата статуа. Вајлдер засекогаш ќе остане во историјата на својот роден град и државата Алабама.

36-годишната ѕвезда во кариерата забележа 42 победи, 2 порази и 1 нерешен. Вајлдер нокаутира 41 ривал. Загуби само од Тајсон Фјури, кој двапати го нокаутира во последната година.

Пред борбата со Фјури, Вајлдер 10 пати по ред ја одбрани титулата на ВБЦ. Се уште не е познато дали Бронзениот бомбардер ќе ја продолжи кариерата, но веќе неколку пати навести дека се повлекува од боксот.

„Каков неверојатен настан. Ова е многу посебен момент во историјата. Мојата статуа ќе биде тука за генерациите што доаѓаат и добив цвеќе, додека сè уште сум жив!

Ви благодарам на сите што учествувавте. Ве сакам момци и им благодарам на мојот град и држава, бидејќи нема друго место како дома“, напиша Вајлдер на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deontay Wilder (@bronzebomber)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deontay Wilder (@bronzebomber)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON