Драмата на Рајан Гарсија за тестирање на дрога продолжува со полна сила.
Отворен е примерокот „Б“ на американскиот боксер и резултатот е познат. Тој покажа присуство на забранетата супстанца остарин во телото. Ова го соопшти спортскиот новинар Ден Рафаел.
Гарсија беше позитивен откако го победи Девин Хејни на 20 април во Њујорк Сити. Нокаут артистот е дециден дека никогаш свесно не користел забранети супстанци и сигурен е дека тие влегле во неговото тело преку додаток во исхраната.
Од таборот на Хејни веднаш апелираа до Спортската комисија на државата Њујорк да го сменат резултатот од борбата со Гарсија и побараа казна за Гарсија.
Инаку, тоа беше првиот пораз во кариерата на Хејни, но тој може да остане непоразен доколку се поништи резултатот од мечот. Покрај тоа, продолжува да ја држи титулата на ВБЦ во лесна категорија, бидејќи пред борбата Гарсија не влезе во дивизијата.