Го имаме ли нокаутот на годината? Погледнете како Винисиус со летечко колено го заспа Албанецот (ВИДЕО)

Можеби веќе малку ви здодеавме со нокаути овој викенд, но ова… Можно е веќе да го имаме нокаутот на годината, а режисер на ова ремек дело е бразилскиот борец Винисиус Оливеира.

Тој синоќа во прелиминарниот дел од настанот дебитираше во УФЦ против шведскиот Албанец и соборец на Хамзат Чимаев, Бернардо Сопај (исто така дебитант).

Откако Сопај беше подобар во првиот дел од борбата, Оливеира ги сврте работите во своја полза и доминираше во остатокот од мечот, а сето тоа го наплати пред самиот крај на овој меч.

Прво го затресе противникот, а потоа бесно се втурна кон него и веднаш го заспа со хируршки прецизно летечко колено. Со овој настап заработи два бонуси на ноќта: оној за настап (нокаут) и за борбата на вечерта, бидејќи речиси цели 15 минути овие двајца борци покажаа одличен настап внатре во кафезот на УФЦ Апекс.

Видеото од нокаутот можете да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО