Го фатија Ковалев со синтетички тестостерон

Не престануваат неволјите на поранешниот светски шампион Сергеј Ковалев. Откако беше јасно дека ќе одговара за незаконско емитување на броба од ДАЗН, Русинот сега е фатен со допинг.

Почнавме да се навикнуваме на последната фраза, но некако боксот беше заштитен од синтетика.

Според новинарот Дан Рафаел, Светската антидопинг агенција (ВАДА) извршила изненадувачки тест на Ковалев.

Неговиот тест е позитивен на синтетички тестостерон.

Од таборот на Сергеј реагираа.

„Тој не земал намерно никакви забранети супстанции. Инсистираме повторно да се тестира. Да го почекаме „Б“-примерокот и потоа да донесеме заклучоци“, прокоментира промоторката на боксерот, Кети Дува.

Следниот противник на Ковалев веднаш се вклучи во дискусијата.

„За мене нема разлика. Е дноставно, внесете го во рингот и оставете да се бориме“, рече Бектемир Меликузиев.

Тие ја предводат гала вечертазакажана за 30 јануари во „Лужники арената“ во Москва.

Не е јасно дали мечот ќе се одржи по најновите информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО