Настанот на Глори закажан за 7 ноември во Ротердам беше откажано откако Бадр Хари се зарази со коронавирусот.
Холандско-мароканскиот кикбоксер очигледно добро се опоравува и сите веруваат дека ќе биде подготвен до 19 декември, за кога е закажан нов боречки настан.
Главната борба на настанот „Глори 76“ ќе се води помеѓу Бадр Хари и Бенџамин Адегбај.
Во категоријата до 77 килограми, Седрик Дамбе ја брани титулата во третиот меч со Муртел Гроенхарт, моментално се 1-1.
Поранешниот К-1 шампион во полуфиналето се бори со Французинот Нордин Махиедин, кого го порази во своето деби за Глори.
Во второто полуфинале се борат Леви Ригтерс и Масиниса Хамаили.