Нашиот мај тај борец Глигор Стојанов на денешниот настан Мај икстрим во Банког, Тајланд, со дискутабилна одлука на судиите е совладан од домашниот борец Сиримонгкол Синвант во категоријата до 72 кг. Стојанов доби бонус од 10.000 бати за најдобра борба на вечерта.
Оваа борба беше една од главните на настанот.
Глигор за оваа борба симнуваше осум килограми што прилично го истошти. Инаку неговиот противник е шампион на стадионот Лумпини и важи за еден од посилните во Тајланд.
„Не сум баш среќен за оваа борба, не се борев добро. Не сум задоволен, не бев добар како што знам да бидам. Сепак, добив награда од 10.000 бати за најборба на вечерта“, изјави Стојанов за Ipon.mk.
ОВДЕ може да го погледнете видеото од борбата.