Струмичанецот Глигор Стојанов (-70 кг) вчера со славеше со нокаут во првата рунда против Сарнѓаи Дабрансарахам од Тајланд на Мај тај екстрим во Банког, Тајланд.
„Бев концентриран на борбат. Последната борба ја изгубив на поени со еден од најсилните противници. Сите со кои се борам се јаки борци и се добро познати имиња. Ама, сега веќе сум осоколен сите да ги победувам и да и враќам за поразите. Понатаму ќе има многу нокаути. 70 килограми е добра килажа и добро се чуствувам. Од друга страна, во таа категорија се најдобрите и има најмногу борби“, изјави Глигор Стојанов за вчерашната победа специјално за Ipon.mk.
Сега ви го нудиме официјалното видео од вчерашната одлична борба која заврши во првата рунда откако Глигор го прати противникот во нокдаун, а за неколку секунди подоцна и во нокаут.
https://www.facebook.com/phukettopteam/videos/1720066901404055/
Наредната борба на Стојанов е за два недели, а два-три дена ќе одмора за да се санираат болните места од борбата и потоа се враќа на редовните тренинзи.
Ipon.mk