Македонскиот мај тај борец Глигор Стојанов на 2 декември настапува на „Мај екстрим“ настанот против Ванчалерм Нуантонгснукер од Тајланд.
Ванчалерм има преку 200 борби кој настапува за Боџинг салата на полиција, бидејќи и тој е полицаец. Минатата година стана шампион на еден од најтешките турнири во Тајланд, Изузу.
„Сега сум добро подготвен. На настапот во Бугарија шест месеци немав борба, бидејќи се опоравува од повредата. Рамото се уште не ми беше како што треба. Сега се е во ред , бидејќи повторно, како порано, ќе се борам нон-стоп“, вели Стојанов за Ipon.mk.
Глигор има и други палнови, односно да се бори надвор од Тајлнад, каде што живее моментално.
Ipon.mk/В.Д.