Глигор Стојанов: Ако го победам шампионот на Тајланд, тоа ќе биде шок за мај тајот, а јас ќе експлодирам! (ФОТО)

Глигор Стојанов на 24 март во Тајланд ќе се бори со еден од најпознатите борци Чана Џон и шампион во тај фајт. Џон пред некое време го освои појасот и има над 300 борби.

„Со него не се борам за појасот, туку ќе биде само главна борба на Супер фајт, без ракавици со јажиња“, вели Стојанов за Ипон.мк.

Тој направи малку поголема пауза од последната борба кој се должи на оперативен зафат.

„Инаку, добар сум. Маку сум под стрес оти не сум се борел подолго време. Осум месеци, прв пат толку многу време да не се борам“, истакнува Глигор кој имал оперативен зафат и морал да направи  пауза.

Со противникот

„Јас сум тука да се борам и не ги бирам протвниците. Знам дека еден ден ќе успеам. Во оваа борба не знам дали ќе победам, бидејќи е многу тешка. Мојот противник е многу го сакат во Тјалнад и сакаат да ги гледаат неговите борби. Се чуствувам добро и сум подготвен за борба. Оваа година ќе имам многу борби“, нагласи струмичанецот кој живее и тренира во Тајланд.

Стојанов објаснува што ќе значи победата за него во овој меч.

„Ако победам во оваа борба, Бог нека ми е на помош, тоа ќе биде шок. Тоа ќе биде шок за мај тај, а јас ќе експлодирам од среќа. Ќе станам многу познат. Ако победам ќе имам многу борби во цел свет, оти тоа е најдобрата мај тај организација цел свет. Тој е шампион за 2018 година и ако го победам ќе биде многу добро за мене“, констатира Глигор.

Тој потенцира дека отсекогаш имал многу тески борби и дека е навикнат на тоа.

„Сега сум многу подобро подготевн, однонсоимам нов тренер и поинаку трениерам“, категоричен е Глигор.

https://www.facebook.com/thaifight.official/videos/1777946188932349/

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON