„ГЛАСАМ ЗА“-ВЕРОНИКА КОСТОВСКА: Да се борам за највисоки пласмани!

Veci vo vozduh

Откако каратето влезе во најтесна конкуренција за иден спорт на Олимписките игри 2020 во Токио, Јапонија, почна да се организира гласање во светот меѓу љубителите на спортот кој спорт сакаат да се најде на Олимпијадата. IPON.MK ја почнува акцијата „ГЛАСАМ ЗА“.

Акцијата ја продолжуваме со европската шампионка во кадетска конкуренција од годинашново Европското првенство во Цирих, Швајцарија, ВЕРОНИКА КОСТОВСКА.

„Гласам ЗА, затоа што тоа е сон на милион каратисти во светот. Затоа што е спорт кој на младите им овозможува добра психо-физичка кондиција, социјализација и дружење. Затоа што има долга традиција и култура, која на многу млади во светот им овозможува да се пронајдат себеси.  Каратето, дефинитивно, заслужува да влезе во семејството на олимписки спортови, со што ќе се оствари и мојот сон да добијам шанса да се борам за остварување на олимписка норма и да се борам за највисоки пласмани на олимписките игри. Искрено, верувам дека каратето со сиот свој потенцијал и квалитетите што ги поседува, како спорт, ќе биде на Олимписките игри 2020 во Токио“.

Гласајте за каратето на Олимпсиките игри 2020 тука http://community.ispo.com/welche-sportart-sollte-2020-olympisch-werden/view-poll/9d07e51b81dea6eefe218a6e2d4a9972

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON