Мартин Митиќ од Гладијатор – Неготино се наметнува со својот стил и младоста на макеоднската кик бокс сцена, како мината, така и оваа година тој стана државен првак во категоријата до 89 килограми во кик лјат на 1.Државно првенство кик бокс првенство во Скопје изминатиов викенд.
„Од година во година се чувствува искуството, па така на Државното првенсто покажав дека сум подоготвен и ја одбранив титулата до -89 кг.“, вели Мартин Митиќ.
Тој во 2019 година очекува добри настапи на куповите, како оној во Белград.
„Најзначајно за мене ќе биде Светското првенство во август кое што ќе се одржи во Сараево 2019 година. Се надевам на победа, односно освојување на медал“, истакнува Митиќ.
Да потсетиме дека Мартин од 2017 година е првак во низа на Македонија до завчерашното Државно првенство. Во 2017-та забележа добри резултати, на Балканското првенство го освои првото место во Тешањ, Босна и Херцеговина, балкански првак. Во 2018-та на Купот во Тешањ е десфлификуван од страна на судиите. Настапи и во Белград каде што се пласира во финалето, при што имаше 4 борби и го освои сребрениот медал, а на Балкан бест фајтерс во Ниш се пласира во финалето и пак го освои среброто.
Ipon.mk