Викторија Варадинова, Божјидар Јанков, Стефан Сандев и Јована Арсова од Кик бокс клубот Гладијатор од Штип, во петок заминуваат за Карловац- Хрватска, каде што ќе настапат на Европскиот кик бокс куп.
На Европскиот куп ќе учествуваат околу 1000 натпреварувачи од 19 земји од Европа. Варадинова повторно ќе се сретне со европскиот првак, која на Европското првенство на контроверзен начин ја доби борбата. Овој пат Викторија е убедена дека судиите нема да ја одлучуат борбата.
Од Гладијатор истакнуваат дека сите кикбоксери се во одлича форма.
Да потсетиме дека во изборот на Спортист на годината на Општина Штип за 2015 година, на кадетите Викторија Варадинова и Божјидар Јанков беа на второто и третото место.
Ipon.mk