Гладијатор – Штип на „Балкан бест фајтерс“ во Ниш со тројца кикбоксери

Кикбоксерите на Гладијатор од Штип Славче Арсов (74 кг), Никола Нацев (69 кг) и Антонио Петров (57 кг) на Меѓународниот куп „Балкан бест фајтерс“ во Ниш, Србија, од 1 до 3 декември, со тоа што првата вечер е за профи меч.

Тренерот Шенол Асанов е убеден дека неговите кик боксери и овојпат нема да разочарат и вели дека ќе сторат се во Ниш да се претстават во најдобро издание.

„Верувам дека ќе се вратиме со медали“, вели Асанов.

„Балкан бест фајтерс“ има и награден фонд за најдобрите во К-1, лоу кик и кик лајт од 300 евра за сениорите до 50 најмладите. За  надобрата екипа наградниот фонд е 500 евра. Ќе настапат кикбоксери од 12 држави.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON