Во близина на Пирот, Србија, во прекрасниот амбиент на манастирот Пресвета Богородица во Суков, изминатиов викенд се одржа традиционалниот семинар во реално аикидо, предводен од мајсторот Ана Врачаревиќ 9-дан.
Македонија ја претставуваа Ѓуро Илиќ носител на мајсторски појас 8 дан, кој беше дел од инструкторксиот тим, заедно со Дејан Чавковски 5-дан, Николчо Гоцев 3 дан и Александар Лозановски 1 дан.
„Голема благодарност до Горан Крстиќ, Игумен Серафим и сите учесници од Македонија, Пирот, Ниш, Димитровград, Топола, Белград на овој прекрасен ден“, напиша на Фејсбук Ана Врачаревиќ.