Гита по стапките на Кличко-политички ангажман на кик бокс ѕвездата

daniel_ghita 4

Еден од најдобрите кикбоксери и поранешниот светски шампион на Глори во тешка категорија, Даниел Гита, речиси една година ипол не настапуваше. Гита паузира по поразот од Рико Верховен на Глори 17 2014 година.

Малку се знае поради кои причини го нема Гита, но имаше гласини дека има несогласување со лидерите на Глори кои беа принудени на проретчување на списокот и намалување на хонорарите на своите ѕвезди. Гита е активен,но со политички ангажман. На неговата официјална страница на Фејсбук овој Романец со денови ги објавува своите фотографии од јавните протести, како и политичките говори против политичката ситуација и корупцијата во земјата. Оние кои ја следат ситуацијата во Романија знаат дека капката што ја прелеа чашата е пожарот во ноќниот клуб во кој преку 40 млади луѓе го изгубија животот.

Премиерот Виктор Понта си поднесе оставка, но тоа не ги смири демонстрантите, кои и понатаму се на улиците и протестираат поради најголемиот проблем на романското општество – корупцијата. Гита е еден од нив.

Дали познатиот Романец ќе тргне по патот на Витали Кличко, светски шампион во бокс, кој беше многу важен фактор во политичката ситуација во Украина, тоа ќе треба да го видиме. Љубителите на боречките спортови сакаат неговото враќање во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON