Гилберт Барнс: Џонс во тешка категорија ќе заврши катастрофално

Шампионот во тешка категорија на УФЦ, Гилберт Барнс верува дека преселбата на Џон Џонс во тешка категорија ќе заврши лошо.

Џонс, долгогодишен шампион во полутешка категорија, неодамна ја ослободи титулата за да премине во тешка категорија. Сè уште не е јасно кога ќе дебитира, но се очекува  да се бори против победникот помеѓу шампионот Стипе Миочиќ и опасниот предизвикувач Френсис Нгану.

Барнс не гледа како ова би можело да заврши добро за Џонс, особено ако се соочи со силниот Нгану.

„Џон Џонс во тешка категорија? Не ми се допаѓа тоа”, изјави Барнс на својот Јутјуб канал и доаде: „Особено кога има човек како Френсис Нгану во тешка категорија, не знам. Не видов колку лесно може да му биде на Џонс во таа категорија. Дури и против Стипе. Ако Стипе го победи Нгану, тогаш ќе се бори со Џонс. Но, јас не мислам така. Мислам дека Нгану ќе го победи Стипе и Нгану ќе се бори со Џонс, а тоа ќе биде тешка битка.

Не сакам да претпоставувам, но што ако Нгану го нокаутира Џонс? Што ќе направи Џонс? Како прво, ако не сте поразени и изгубите, тоа многу боли… Ако сте шампион, непоразен, на врвот на топ листите и губите лошо, не знам како ова би влијаело на вас психички. Не сум сигурен за иднината на Џон Џонс“.

Според Барнс, подобар потег за Коски беше останување во полутешка категорија за да се соочи со борци како Јан Блаховиќ и Израел Адесања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON