Гервонта Дејвис (22-0, 21 КО) во родниот Балтимор по втор пат ја одбранититулата на ВБА во суперперолесна категорија.
24-годишниот Американец пред повеќе од над 14.000 гледачи со технички нокаут во втората рунда го победи Рикардо Нунез (21-3, 19 КО).
Задолжителниот предизвикувач од Панама го држеше Дејвис во моментот кога овој зададе удар што го определи текот на борбата.
„Тенк“ сериозно го здрма со лево кроше, а и не престана да напаѓа и погаѓа додека судијата не ја прекине борбата за да го спаси Нунез.