Георгиевски од скопскиот аеродром: Среброто е за цела Македонија! (ФОТО)

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски пристигна во Македонија откако постигна историски успех на Летните олимписки игри (ЛОИ) со освојување на сребрениот медал.

Георгиевски беше пресреќен затоа што на скопскиот аеродром го пречекаа голем број луѓе, а притоа кажа дека овој успех е за цела Македонија и ги повика сите вечерва од 19.30 да прослават пред Триумфалната порта во Скопје.

„Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдоа да ми дадат поддршка. Мило ми е што сме во толку голем број. Ве поканувам сите да го прославиме овој успех, затоа што овој успех е за цел народ во Македонија. Емоциите почнаа да работат кога пристигнав тука и ги забележав сите кои дојдоа да ми дадат поддршка“.

Дејан Георгиевски и неговиот тим предводен од тренерите Дарко и Борче Костовски со отворен двокатен автобус од аеродромот се упатува кон Скопје, каде што таеквондистот ќе одржи прес-конференција и ќе има прием во Агенцијата за млади и спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО