Георгиевски беше пресреќен затоа што на скопскиот аеродром го пречекаа голем број луѓе, а притоа кажа дека овој успех е за цела Македонија и ги повика сите вечерва од 19.30 да прослават пред Триумфалната порта во Скопје.
„Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдоа да ми дадат поддршка. Мило ми е што сме во толку голем број. Ве поканувам сите да го прославиме овој успех, затоа што овој успех е за цел народ во Македонија. Емоциите почнаа да работат кога пристигнав тука и ги забележав сите кои дојдоа да ми дадат поддршка“.
Дејан Георгиевски и неговиот тим предводен од тренерите Дарко и Борче Костовски со отворен двокатен автобус од аеродромот се упатува кон Скопје, каде што таеквондистот ќе одржи прес-конференција и ќе има прием во Агенцијата за млади и спорт.