Георгиевски и Реџепи во вееја знамето, македонскиот олимписки тим продефилира во Токио (ВИДЕО)

Летните Олимписки игри во Токио беа отворени на специфичен начин и поразлично од било кога, бидејќи 32-те игри по ред се одвиваат во вонредна состојба и поради тоа имаше навистина лимитиран број на гледачи на трибините.

Македонската делегација се појави како 51-ва на отворањето на големиот настан во Јапонија, а како што беше најавено, во прв ред се најдоа знаменосците Дејан Георгиевски (таеквондо) и Арбреша Реџепи (џудо).

Реџепи во последен момент ова попладне доби зелено светло од МОК и ИОК за појавување на церемонијата, па така стана првата Македонка Олимпијка како знаменосец на едни Олимписки игри.

Македонскиот тим на оваа Олимпијада брои осум спортисти и натпреварувачи, а премиерниот настап ќе го има Борјан Бранковски утре наутро по наше време во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО