Георгиевски: Еуфоријата во Македонија и поддршката ми даваа енергија за олимпискиот медал

Таеквондистот Дејан Георгиевски, на прес-конференцијата во Агенцијата за млади и спорт, рече дека не можел да стигне да им се заблагодари на сите за поддршката.

„Благодарност до целата македонска јавност, до целиот народ за поддршката што ми ја дававте во текот на денот. Од мојот тим и делегацијата ми кажуваа каква е еуфоријата во Македонија и тоа ми даваше енергија. Отидов во Токио по злато, овојпат е сребро со златен сјај бидејќи победив двајца фаворити. На следните ЛОИ се надевам дека ќе имаме повеќе претставници во таеквондо и другите спортови.  Им пожелувам успех на сите спортисти од Македонија кои допрва треба да настапат, им посакувам да освојат уште некој медал“ – изјави Дејан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON