Димитар Георгиев е прв на Светскиот куп ,,Хрватска опен “, кој се одржува во Макарска викендов. Ѓеорѓиев (-79 кг), кој е член на клубот ,,Гладијатор “ од Неготино, во дисциплината кик лајт прво го совлада Филип Хркач од Хрватска, па Џенан Алибабиќ од Босна и Херцеговина и во финалето го совлада Младен Секирица од Хрватска.
Другите наши натпреварвуачи настапуваат денеска: Кристијан Корпашев – 55 кг поинт фајт, Ѓоше Ѓошев -50 кг лајт контакт, Божидар Јанков- 60 кг лајт контакт, Викторија Варадинова -60 кг лајт контакт и Јована Арсова -55 кг лајт контакт. Сите се од „Гладијатор“ од Штип.