Колку и да е опасен во рингот, Генади Головин е исклучително пријателски настроен надвор од него, нарекувајќи ги дури и противниците „добри момци“ со неговата широка насмевка. Но, има и граници – неуспешниот тест на Канело Алварез, на пример, го извади од такт. И беше лут не само со Мексиканецот, но и на промоторот, и на Спортската комисија на Невада.
Само видете што има да каже за случајот:
„Комисијата – сите ја наведнуваат главата, за да не гледаат во очи. Го забележав тоа кога ја прегледував средбата. Овие луѓе се терористи. Дејствуваат против спортот, а не само против мене.
„Ви кажувам, не е мексиканското месо. Тоа е Канело. Таков му е борбата, таков е и неговиот промотор. Канело мами. Го користи допингот, а се прават, како ништо да не се случило“.
„Очигледно дека неговите мускули се вештачки надувани. Има видливи знаци од инјекции. Можам да зборувам и за Оскар де ла Хоја. И на него не му е чиста работата“.
„Погледнете го видеото. Голтав некакви апќиња пред првата средба. И со инјекциите … Подолго време знам“.
https://twitter.com/_THE112/status/976421719417217024?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Fgennady-golovkin-vazropta-otnovo-tezi-hora-sa-teroristi
Тренерот на Головкин, Абел Санчез, исто така го обвини Алварез за користење на забранети супстанци.
.