Генади Головкин: Како животно сум за меч со Алварез!

Генади Головкин повторно изјави дека сака меч со Сол Алварез – Канело.

Веќе две години се зборува за таква средба, но никако да се доворат за пресметка. По победата против Даниел Џејкобс Головкин објасни дека е подготвен да се сретне со Канело.

„Се разбира дека го сакам овој меч. Како животно сум за овој дуел. Но, ќе му дадам шанса на Дани Џејкобс за реванш“, рече Головкин.

Алварез има средба со Хулио Цезар Чавез Јуниор на 6 мај.

„Ќе видиме што ќе се случи во мај со Канело. Но, овој меч е приоритет“, рече промоторот на Головкин Том Лофлер.

Има опција и шампионот да се сретне Били Џо Сандерс, кој ја држи единствената титула што му недостасува во витрините на Головкин – појасот на ВБО. Може да се сретнат на 11 јуни.

https://youtu.be/tVRvwWYhBSc

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON