Гејџи: Лесната категорија на УФЦ стана смешна

Џастин Гејџи воопшто не очекуваше дека Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер ќе се борат за слободната титула во лесна категорија.

Кога Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов беа шампиони во лесна категорија, оваа дивизија зовриваше и се сметаше за најдобра во организацијата. Нурмагомедов објави дека се пензионира, ја напушти титулата и УФЦ побрза да ги соочи Оливеира и Чендлер во меч за титулата.

Гејџи смета дека ова е огромна грешка.

„Бев навистина лут“, рече Гејџи и продолжи: „Тоа беше најпрестижната титула кога ја држеше Хабиб, а сега тоа е само шега за една ноќ. Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер ќе се борат меѓусебе за титулата. За да бидат најдобри. Тие двајцата се далеку од најдобрите. Добрите требаше да бидеме јас и Дастин Пориер. Тие требаше да го направат овој меч”.

Пориер имаше шанса да се бори со Оливеира за слободната титула, но наместо тоа избра по трет пат да се сретне со Мек Грегор.

Во меѓувреме, Гејџи доаѓа по пораз за титулата, па затоа УФЦ не побара да му даде уште една шанса веднаш потоа. Сепак, тој е во право за една работа – ниту Оливеира ниту Чендлер не се толку големи имиња во спортот како Мек Грегор или Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON