Меѓународна сценаММА

Гејџи: Царукјан заслужуваше шанса за титулата, но сам си ја одзеде

Џастин Гејџи призна дека Арман Царукјан бил најдостоен кандидат за шампионскиот појас, но нагласи дека низа негови постапки доведоа до тоа да биде игнориран од организацијата.

„Царукјан ја заслужуваше борбата за титулата повеќе од кој било друг, но ги расипа работите на начин што е неприфатлив на ова ниво“, изјави Гејџи за „Њујорк пост спорт“. Тој се осврна на повлекувањето на Ерменецот еден ден пред закажаната борба во јануари 2025 година со тогашниот шампион Ислам Махачев, официјално поради повреда на грбот.

Според Гејџи, ваквите ситуации предизвикуваат сериозна штета на УФЦ, која инвестира значителни ресурси во организацијата и промоцијата на големи борби. „Ако не можете да добиете тежина или се откажувате во последен момент, тоа е сериозен проблем“, додаде тој.

Дополнителна тензија создаде инцидентот во ноември 2025 година, кога Царукјан го удри со глава Ден Хукер за време на церемонијалното мерење. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, подоцна потврди дека ова однесување е меѓу причините зошто Царукјан не доби шанса за привремената титула.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON