Гејџи до Холовеј: Ѕвер! Го заслужи двојниот бонус

Двократниот претендент за титулата во лесна категорија на УФЦ (до 70 кг), Американецот Џастин Гејџи, го коментираше поразот од Макс Холовеј. Тие се бореа на УФЦ 300 во Лас Вегас. Холовеј доминираше во борбата и водеше убедливо на поени. Макс реши да влезе во дива размена на удари во последните секунди од борбата од 5 рунди.

Тој успеа да го нокаутира Гејџи на 1 секунда пред крајот на мечот. Така Макс го доби појасот БМФ и зеде два бонуси од по 300.000 долари. Таа победа го направи конкурент во лесна категорија, но Макс ќе се врати во перо категорија за да се обиде да ја врати титулата. Тој ќе се сретне со Илја Топурија, кој моментално го држи појасот во дивизијата.

Гејџи реши даде изјава на социјалните мрежи и сподели дека е добро расположен:

„Со семејството сум во одлично расположение. Ви благодариме на сите за поддршката. Каков спорт! Макс Холовеј, ти си ѕвер. Секоја чест. Заслужен двоен бонус“, напиша Гејџи на социјалната мрежа Икс (Твитер).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON