Гегард Мусаси за 85 секунди го демолира Остин Ванденфорд и ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Шампионот на Белатор во средна категорија Гегард Мусаси направи уште една фантастична борба и го одбрани појасот на Белатор.

На настанот Белатор 275 Мусаси го демолираше непоразениот Остин Вандерфорд и по нешто помалку од минута и пол со прекин стигна до својата 49-та победа во кариерата и четврта во низа.

На Гегард му беа потребни само 85 секунди за да ја потврди доминацијата во категоријата. Вандерфорд веднаш го нападна противникот, но Мусаси не беше изненаден.

Се врати со силни контранапади и прецизни удари, а Американецот во еден момент немаше спас.

Со фантастичен финиш Мусаси стигна до победата и втора одбрана на титулата во низа (севкупно трета во Белатор).

„Јас сум најдобар борец во средна категорија. До сега не верував, но сега се предомислив. И кој би можел да биде следен? Не знам. Јас сум најдобар“, изјави Гегард Мусаси по големата победа.

Во борбата за титулата Шинед Каванаг ја победи Леа Меккорт со едногласна одлука на судиите.

https://twitter.com/Bellator_Europe/status/1497352546557509640?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497352546557509640%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fmma%2Fgegard-mousasi-za-85-sekundi-demolirao-austina-vanderforda-i-obranio-naslov-srednje-kategorije%2F

Резултати од Белатор 275:
Гегард Мусаси – Остин Вандерфорд – ТКО, Р1 (1:25)
Шинед Каванаг – Леа Меккурт – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Сиаран Кларк – Абу Тункара – ТКО, Р1 (5:00 часот)
Хасан Магомедшарипов – Хозе Санчез – едногласна одлука (30–26, 30–27, 30–27)
Џорнел Луго  Брајан Мур – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)

Воведни борби:
Брет Џонс – Хуршед Кахоров – ТКО, Р3 (3:00 часот)
Дејви Галон – Чарли Лири – ТКО, Р2 (3:01)
Стефани Иело Пејџ –  Дени Мекормак – ТКО, Р1 (1:46)
Дараг Кели – Јуниор Морган – завр. (гушење со гилотина), Р1 (1:47)
Владимир Токов – Даниеле Скатици – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Гокан Сариџам – Кирил Сиделников – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Нејтан Кели – Скот Педерсен – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Ли Хемонд – Џејми Хеј – ТКО, Р1 (3:32)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON