Неприкосновениот шампион во средна категорија на Белатор, Гегард Мусаси, не е импресиониран од Израел Адесања. 36-годишниот ирански борец двапати ја одбрани титулата на Белатор. Мусаси последен пат, на крајот на минатиот месец, се справи со Остин Вандерфорд.
Гегард го заврши за 85 секунди и ја забележа 4-та последователна победа. Тој победи на 12 од последните 13 ММА борби. Мусаси се бореше во УФЦ 4 години, но никогаш не стигна до титулата. Кај најголемите забележа 9 победи и 3 порази.
Мусаси има скор од 49-7-2 во ММА и доби 28 од неговите победи со нокаут и 12 со принуда. На крајот загуби 4 пати,а во интервју за ММАМанија рече дека може да се носи со Адесања и Витакер.
„Ќе му го сритам задникот на Израел Адесања. Израел и Роберт Витакер се борат во стој. Нивниот стил е совршен за мене. Зошто навивачите мислат дека би загубил од нив? Тие не заслужуваат почит.
Види, не зборувам за старите верзии на Мусаси. Не зборувам за тој Мусаси од пред пет години. Зборувам за Мусаси кого го видовте во последната битка. Тоа беа само 85 секунди. Нели ви реков дека ќе го победам?
Ти кажав дека ќе го победам Вандерфорд. Ќе станам најдобар во средна категорија. Што друго сакаат? Сега ќе завршам сè. Ќе ги победам сите. Тие не ми се еднакви. Ниту еден од нив не ми е рамноправен“, рече Мусаси.