Газадата на ОНЕ ФЦ е подготвен да ги одмери силите со шефот на УФЦ

Борба меѓу претседателите на УФЦ и ОНЕ ФЦ? Зошто да не?

Претседателот на азискиот синџир за боречки вештини Чатри Сијотонг изјави за The MMA Hour дека е отворен за предлог да се бори со шефот на ривалската организација УФЦ, Дана Вајт. Тој неодамна објави видео на кое се гледа како ги тренира своите боксерски вештини. Видеото беше насловено како „Кој сака да го гледа Чатерс против Дана?

„Мислам дека Дана е неверојатен бизнисмен. Не се согласувам со сите негови практики, но јасно е дека го претвори УФЦ во феноменална компанија. Сепак, мислам дека не знае ништо за боречки вештини. Мислам дека е само фан. Доаѓам од боречки вештини. Ги третирам борците како да сум еден од нив. Ова е многу различно. Мислам дека не треба да ја омаловажувате работата на борците ако никогаш не сте биле удирани во лице или задавени. Не го почитувам начинот на кој разговара со борците“, изјави претседателот на растечката компанија ОНЕ ФЦ.

Сатри додаде дека се занимава со мај тај веќе 35 години и има кафеав појас во бразилско џиу џицу.

„Тренирам шест пати неделно. Оваа година имам 51 година. Зошто да не се бориш со некој на моја возраст?

Слушнете го целото интервју со Сијотонг овде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО