Поранешниот предизвикувач за титулата во средна категорија, Келвин Гастелум, со победата над Јан Хајниш ја запре серијата од три порази во УФЦ на УФЦ 258 во Лас Вегас. Гастелум славеше со едногласна одлука на судиите.
На почетокот на мечот, Јан почна со удари, а потоа го симна Гастелум. Нивната борба продолжи на пратер каде Келвин се обиде со кимура, но не успеа. Јан ја користи мрежата и се исправа, а потоа постигнува десен директ, а Келвин возвраќа. Влегуваат во клинч, каде разменуваат удари и ја завршуваат рундата. Во втората видовме размена на удари на почетокот. Јан задава летечко колено, но Гастелум го фаќа и ја носи битката на партер.
Хајниш стана, а Келвин го удри со лактот. Разменуваат удари, а Келвин бара клинч каде што ги контролира работите. Во последната рунда Гастелум продолжи да притиска и водеше убедливо на поени. Келвин ја донесе битката на партер, каде Јан се обиде да ја расчисти, но не успеа. До крајот на рундата, Келвин беше подобар борец и нивната средба стигна до одлука.
Судиите беа едногласни во победата на Гастелум – (30-27, 29-28, 29-28). Со оваа победа, Келвин се врати на победите и ја прекина серијата од три последователни порази. Јан им се врати на поразите, а победи само на една од последните четири борби во УФЦ.