Гарсија суспендиран заради допинг тестот, победата против Девин Хејни поништена

Американскиот боксер, 25-годишниот Рајан Гарсија на социјалните мрежи објави дека става крај на кариерата.

По единствениот пораз во кариерата (пред една година загуби од Џервонта Дејвис со нокаут во седмата рунда), Кралот Рајан ги победи Оскар Дуарте и Девин Хејни.

Но по одличниот меч во април се крена голема прашина, бидејќи резултатите од допинг тестот му беа позитивни на остарин.

Позитивните резултати од тестот на Доброволното антидопинг здружение (ВАДА) беа откриени дури по борбата.

Адвокатскиот тим на Гарсија издаде соопштение во кое тврди дека Рајан е невин, тврдејќи дека бил жртва на контаминација со додатоци и не можел да има корист од тоа.

Сега Спортската комисија на државата Њујорк (NYSAC) се очекува да донесе одлука за случајот на Гарсија.

Рајан Гарсија најверојатно ќе биде суспендиран, а натпреварот против Хејни ќе биде откажан, односно борбата ќе биде прогласена за „без одлука“.

Додека ја чека одлуката, Гарсија во објави на Х дека се повлекува од боксот.

„Мама има рак… ме обвинуваат… Моите примероци се контаминирани… поминувам низ развод… Девин сака да ми ја одземат победата… Сè влијае на мене“, напиша во објавата Рајан Гарсија, а потоа продолжи:

„Боксот ќе биде добро без мене… Се испадна глупаво, но мене ми беше забавно… Уживав да ги удрам другите. Можеби некогаш ќе ме сретнете надвор, но што се однесува до боксот, не знам. Надминав многу… И сега можеби ќе глумам или пеам… Но продолжувам да тренирам. Зад мене е тежок период, тажен сум. Многумина ме повредија. Завршив со тоа и со сите“.

После тоа, Гарсија објави уште една порака:

„Официјално сум во пензија“.

Таткото на Девин, Бил Хејни, изјави дека наскоро и официјално ќе биде објавена одлуката Рајан Гарсија да биде суспендиран и да му биде откажан последниот меч.

Според првичниот извештај на боксерскиот дописник Дан Рафаел, професионалната боксерска ѕвезда Гарсија постигна договор со Спортската комисија на државата Њујорк и ќе отслужи едногодишна суспензија од спортот, а неговата победата со одлука над поранешниот светски шампион Хејни ќе биде поништена, како официјално „без одлука“.

„Рајан Гарсија/правниот тим постигна договор со NYSAC“, напиша Рафаел на својот X профил „Тој се согласи на следново: суспензија од натпреварувањето најмалку 1 година; казнет со 1,1 милион долари од неговиот службен хонорар (оди во ГБ, Хејни може да добие %) парична казна од 10.000 американски долари (максимумот на државата официјално прогласувајќи ја борбата за без одлука).

По ова Грасија пак регаираше на Х.

„Се насочувам кон УФЦ“, напиша Рајан Гарсија на X профилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON