Сирил Гане направи голем скок на ранг-листата во тешка категорија на УФЦ по победата над Жаирзињо Розенструик во главниот меч на УФЦ Фајт најт 186.
30-годишниот Французин од денес е на 4-та позиција, што е скок од 3 места. Гане има вкупен биланс од 8 победи (од кои последните 4 се во УФЦ) и нема порази во ММА. Победи на 6 натпревари со завршница (3 со нокаут и 3 со принудавање).
Суринамецот Розенструик испадна од најдобрите 5 и сега е 6-ти. Ова е пад за две позиции во споредба со претходното рангирање.
Алистер Оверем е другиот борец во тешка категорија кај кого има промена во рангирањето. Холанѓанецот е седмото место.
Нема други промени, бидејќи првиот, по шампионот Стипе Миочиќ, е Френсис Нгану, а го следат Дерек Луис и Картис Блејдс.