Гане чека нов противник, УФЦ преговара со Дош Сантос

Анте Делија ќе почека уште малку за своето деби во УФЦ, кое требаше да се случи викендов против Сирил Гане.

Проблемот на хрватскиот ММА борец му направи ПФЛ промоцијата, а според нив, Делија и понатаму е нивен член.

УФЦ, во меѓувреме, бара нов ривал за францускиот тешкаш, кој победи во сите три борби за четири месеци од своето деби во најсилната светска организација за боречки вештини.

Шефот Дана Вајт откри дека на Гане му подготвува жесток ривал Жуниор дош Сантос.

Поранешниот шампион во моментов е надвор од форма и има неколку порази, но тој е борец кој претставува голем предизвик за секого.

Дос Сантос ги загуби последните три борби со нокаут од Френсис Нагану, Картис Блејдс и Жаирзињо Розенструик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО