Габриел Варга повторно е шампион на Глори во категоријата до 65 килограми.
Канаѓанецот (31 г.) во ноември минатата година во Италија ја загуби титулата против Сергеј Адамчук.
Во меѓувреме, во Кина го освои појасот на Хироу легендс во перолесна категоријата, а по осум месеци си го врати и појасот на Глори.
Варга во реваншот на Глори 32 во Вирџинија по пет рунди го победи Адамчук со мнозинска одлука на судиите – 48-47, 48-46, 48-48.
Клучниот момент на борбата се случи во втората рунда кога Варга со брилијантна комбинација на две леви крошеа во телото и главата го собори Украинецот.