Џудо стручњакот Гарбиел Сапта кој е ангажиран од Македонскиот олимписки комитет во соработка со Џудо федерацијата на Македонија, по ЏК Сеишин го посети и ЏК Чурин од Битола.
Сапта одржа тренинг со најмалдиот џудо клуб во Македонија и и го пренесе своето искуство.
„Имавме посета од професор 6 дан, господинот Габриел Сапта. Тој направи проверка на работата во клубот, при што ни покажа новини во тренинзите. Многу добар тренинг. Посебно, тоа беше големо напредување за мене како тренер“, изјави тренерот Ристо Димитров – Чурино.
Ipon.mk/В.Д.