Габи Гарсија се враќа во ММА

Габриел Гарсија (38), една од најсилните жени на светот, ако не и најсилната, објави дека по шестгодишна пауза се враќа во ММА.

Бразилката беше незапирлива кога и да беше во рингот или октагонот, ништо во меѓувреме не се смени, а сега има проблем кога ќе се врати, бидејќи никој нема да се бори со неа.

Во ММА, Гарсија имаше перфектен скор од шест победи од исто толку борби, но кога противниците ќе видат дека таа е висока 187 сантиметри и преку 110 килограми и дека е неверојатно подвижна, на никој не му паѓа на памет „да се тепа“ со неа.

Останатите боксерки велат дека е „преголема“ и дека нема смисла да се тепаат со неа, бидејќи не само што не веруваат дека можат да ја победат, туку и се плашат да не се повредат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabi Garcia (@gabigarciaofficial)

Според самата Гарсија, таа потпишала договор за борба за титулата во тешка категорија со сè уште непозната промоција. Гарсија неодамна се најде на насловните страници кога јавно го откри спорот со нејзиниот поранешен сопруг Бруно Алмеида. Таа го обвини Алмеида за злоупотреба за време на нивниот брак и ја истакна траумата што ја претрпела во последните две години.

Алмеида тврдеше дека сите докази што ги обезбеди Гарсија се „фабрикувани“ и побара преку судовите да престане да дава јавни изјави за нивната врска. Оттогаш, Гарсија го намали своето присуство на социјалните мрежи, но се чини дека повторно ќе го засили своето онлајн присуство со објавувањето на овој нов развој во нејзината ММА кариера.

Гарсија има 38 години со скор 6-0-1 во ММА. Последен пат ја победи Барбара Непомуцено во 2018 година на Ризин. Се уште не е познато која ќе и биде противничка на Гарсија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON