Светскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија, непоразениот британски боксер Тајсон Фјури реагира на победата на Украинецот Александар Усик над Британецот Ентони Џошуа. Фјури веќе се закани дека ќе ги уништи за една ноќ и рече дека не е импресиониран.
„Џипси Кинг“ смета дека втората борба меѓу Џошуа и Усик била меѓу најлошите во историјата. Фјури тврди дека и двајцата изгледале многу лошо. Тајсон е подготвен да се врати да се бори со Усик во борба за обединување, но тоа нема да биде евтино.
„Го видов Џошуа како губи од Усик по втор пат. Оваа борба е надвор од силите на Џошуа.
Англија ги загуби титулите, но има лек и решение што можам да го понудам. Ако ги сака тие титули назад, прати го Ромскиот варварин. Испрати ме да ги земам појасите од тој украински клошар.
Ќе се случи исто како што направив со последниот украински клошар. Но, тоа ќе ве чини многу пари. Ако сакате да го видите, треба да платите. Цената ќе биде висока, затоа извадете ги чековите.
Ќе му ги одземам појасите на украинскиот бездомник“, изјави Фјури на социјалните мрежи во видеото кое подоцна го избриша.
Усик исто така сака да се бори со Фјури и рече дека или ќе биде Тајсон или повеќе нема да се бори.