Вториот ден на меѓународен турнир „Гранд при Кроација“ во Самобор, Хрватска, продолжи успешниот настап на македонските каратитси. Ката тимот на Карате клубот Фунакоши Гичин го освои првото место кај помладите кадети. Исто така и ката тимот (ученици) го освои злкатниот медал, додека ученичките мораа да се задоволат со сребрен медал.
Кај помладите кадети второто место му припадна на ката тимот на Урбан Инвест од Кавадарци, додека помладите кадетки се трети.
Во повозрасните категории највреден резултат оставри Моника Пендаровска од Макпетрол, која во јуниорска кокнкуренција во категоријата до 53 килограми го освои сребрениот медал. Пенадровска во финалето загуби од репрезентативката на Италија, Франческа Каваларо. Италија на Гранд при Кроација настапува како репрезентација, така што успехот на Пендаровска добива уште повеќе на тежина.
Вчера каратистите на Макпетрол и Металург освоија пет медали во борби. Петар Заборски во категоријата до 76 килограми за јуниори до 21 година го освои второто место во исклучително квалитетна конкуренција. Во оваа возрасна категорија Горан Николовски (-60 кг) од Металург, Игор Таневски (-67 кг) и Сара Радичевска (-50 кг) од Макпетрол освоија бронзени медали.
Со бронзен медал во кадетска конкуренција во категоријата до 47 килограми се зкаити и Драгана Манговска од Металург.
На турнирот во Самобор учестуваат 1700 каратисти од 206 клубови од 23 држави, што е апсолутен рекорд на Гранд при Кроација. Повеќе земји се претсавени на ниво на репрезентации.
Ipon.mk/В.Д.