Екипата на Фунакоши Гичин е најупсешната екипа на Државното првенство за деца од 11-14 години со 12 медали, од кои 5 златни, 2 сребрени и 5 борнзени во конкуренција на 290 натпреварувачи од 47 кубови.
Олимпик спорт 20017 е втора со биланс од 9 медали (5-2-2), па следат Урбан инвест 9 (4-4-1), Форца 11 (4-2-5), Ботони 9 (3-5-1), Металург 6 (3-0-3), Партизан-Кочани 8 (2-3-3), Фати 7 (2-3-2), Штип 5 (2-1-2), Башкими 2002 3 (2-0-1) итн. Првенството се одржа во Скопје.
Шампиони станаа во кати: Аврамова Владанка, Јанчовска Каролина, Манчевска Јована, Алексовска Андреа, Неделковски Александар, Бајовски Кристијан, Аврамов Петар, Пешков Андреј, Урбан Инвест – Маневска Миа – Муфтарова Ивона – Аврамова Владанка, Форца – Исаки Сухејља – Буши Арта – Адеми Јусра, Фунакоши Гичин – Бајовски Кристијан – Манчевски Бојан – Спасовски Александар, Урбан Инвест – Стоев Лазар – Николоски Никита – Аврамов Петар;
Кумите: Милева Марија, Петровска Марија, Јовановска Викторија, Рамо Лорјана, Шахинова Мартина, Божиновска Магдалена, Исаки Сухејља, Адеми Јусра, Николовска Симона, Мишовска Михаела, Буши Арта, Тасевска Ива, Свинарски Марио, Јонузи Исник, Мишчаковски Иво, Џамѓозов Бобан, Вејсели Ветон, Гафури Шериф, Хаџи-Кимов Григор, Беќири Иљир, Мусљији Омер, Хоџиќ Бенан, Ферати Арбин, Костов Бојан, Цека Дардан, Петров Ѓорги, Трајковски Витомир, Јонузи Бесар, Белистојаноски Матеј, Ангеловски Андреј, Омерагиќ Дарин, Тошев Мартин и Максимовски Владимир.
Некои клубови имаа забелешки на судењето и сметаат дека нивните екипи се оштетни во одредени борби, но истакнуваат дека неправдите ќе се видат, односно ќе се поправат на Балканското првенство за деца во Србија, каде што патуваат тројцата првопласирани во категорија.
Сите резултати: Државно првенство за деца од 11 – 14 години.
Ipon.mk/В. Д.