Фунакоши Гичин најуспешен клуб, Гладијатор со најмногу медали на Државното првенство за деца!

Urban invest deens 10.5 drzavno

Карате клубот Фунакоши Гичин од Скопје со 11 освоени медали е најуспешниот клуб на Државното првенство за деца од 11 до 14 години, од кои 6 се златни, 2 сребрени и 3 бронзени. Второпласирана е екипата на Ботони од Скопје со 7 медали (4-2-1), потоа следат Олимпик спорт -Скопје 9 (4-0-5), Урбан иневст-Кавадрци 12 (3-4-5), Гладијатор-Велес 13 (2-4-7), Металург-Скопје 8 (2-4-2),Форца-Скопје 8 (2-3-3), Башкими 2002-Куманово 4 (2-2-0), Дрини-Струга 4 (2-2-0) итн.

Makpetrol deca na drzavnoto pr

Освојувачите на медали на крајот на месецот ќе учествуваат на Балканското првенство во Херцег Нови-Црна Гора. Така, според бројот на освоени медали, екипата на Гладијатор ќе има најмногу учесници на Балканското првенство 13, Урбан инвест 12, Фунакоши Гичин 10…

Keiks medal;ist na Drzavnoto za deca

На првенството настапија 356 натпреварувачи од 50 клубови.

Screenshot 2015-05-11 20.34.02

Forca na Drzavnoto za deca

Во одредени категории беа прикажани квалитетни борби и изведби на кати, но имаше и незадоволство од судиските одлуки, а најбурно регираше тренерот на КК Кочани, Игор Каров, истакнувајќи дека на неговата натпреварувачка и е одземена чиста победа.

Сите резултати Државно првенство за деца од 11 до 14 години, корегирани резултати.

Kati deca na Drzavno0

Dete kata na drzavno

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON