Фунакоши Гичин најдобар во ката тимови, Форца втора во кати на Гранд при Кроација!

 Фунакоши на Кроација

Каратистите од Македонија имаа успешен настап овој викенд на меѓународниот турнир „Гранд при Кроација“ во Самобор, Хрватска. Еден од најуспешните беше Абдурахим Идризи од КК Форца од Скопје, кој освои две први места. Идризи во конкуренција на помлади кадети во категоријата до 45 килограми во борби, но и во кати не дозволи изненадување и со сигурност ги освои златните медали.

Статистиката на турнирот покажува дека на турнирот во Самобор учестуваат 1700 каратисти од 206 клубови од 23 држави, што е апсолутен рекорд на Гранд при Кроација, а повеќе земји беа претсавени на ниво на репрезентации.

Во таква конкуренција КК Фунакоши Гичин од Скопје е најдобар клуб во конкуренција на ката тимови, со вкупно освоени четири медали во сите возрасни конкуренции, две први места и по едно второ и трето место (2-1-1). Зад Фунакоши Гичин остана репрезентацијата на Италија, додека Урбан Инвест од Квадарци во вкупниот пласман е девети.

Во изведба на кати поединечно најдобра е Карате федрацијата на Србија, а Форца од Скопје е втора (2-0-1), додека Фунакоши Гичин е осми (1-0-1).

Во вкупниот пласман во кумите најдобропласирана екипа е Форца од Скопје на 13-тото место (1-1-1).

forca so idrizi

Сепак, екипите на Макпетрол и Металург се натпреваруваа во повозрасните категории и со помал број на натпреварувачи и имаа забележителни резултати. Така Макпетрол кај јуниорите има учинок 0-2-0, а кај јуниорите до 21 година 0-0-2, како што има и Металург. Кај помладите кадети Форца има скор 1-0-1.

Идризи

Да потсетиме дека во кати, помлади ученици, прво место освои Сухејб Весели од Форца, а кај помладите ученички Арта Буши од Форца и Марија Бунтеска од Фунакоши Гичин се пласираа на третото место. Кристијан Бајовски беше најдобар кај учениците, а Петар Аврамов од Урбан Инвест го освои третото место. Сајра Марина кај помадите кадетки е трета во категоријата до 55 кг.

Кај учениците, во борби, Роберто Здравковски (-34 кг) од Партизан/Фунакоши Гичин е трет, а Зуберј Бајрами (-38 кг) од Форца е втор.

dragana mangovska

Семир Ќосовиќ (+84 кг) од Металург, во јуниорска конкуренција до 21 година, го освои бронзениот медал.

Ката тимот на Фунакоши Гичин го освои првото место кај помладите кадети. Исто така и ката тимот (ученици) го освои злкатниот медал, додека ученичките мораа да се задоволат со сребрен медал.

Кај помладите кадети второто место му припадна на ката тимот на Урбан Инвест од Кавадарци, додека помладите кадетки се трети.

makpetrol na kroacija

Моника Пендаровска од Макпетрол, во јуниорска кокнкуренција во категоријата до 53 килограми го освои сребрениот медал. Петар Заборски во категоријата до 76 килограми за јуниори до 21 година го освои второто место во исклучително квалитетна конкуренција. Во оваа возрасна категорија Горан Николовски (-60 кг) од Металург, Игор Таневски (-67 кг) и Сара Радичевска (-50 кг) од Макпетрол освоија бронзени медали.Со бронзен медал во кадетска конкуренција во категоријата до 47 килограми се зaкити и Драгана Манговска од Металург.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON